strumica denes logo

ИСПОЛНЕТО БАРАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ: СТРУМИЦА ОД ДЕНЕСКА ИМА ПАРК ЗА МИЛЕНИЦИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК!

Автор:

Датум:

ноември 18, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 18, 2019

Категории:

Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Струмица од денеска има Парк за миленици кој што се наоѓа во големиот градски парк. Овој парк значи надополнување со уште едно парче во мозаикот кој што ја прави Струмица урбана и уредена Општина. Ова катче е резултат на успешната соработка со ЕВН која што го спроведува проектот „ЕВН волонтира“.

„Ова е еден проект кој што и нашите сограѓани го бараа во повеќе наврати, посебно љубителите на домашни миленичиња бараа еден простор кој ќе им овозможи да поминат убави моменти со своите миленичиња, а од друга страна пак оние кај кои што ваквите појави предизвикуваат вознемиреност би добиле поголема слобода на движење низ паркот. Проектот истовремено значи и почист и поуреден парк, а со тоа и почиста средина. Со ова решение мислам дека ќе ги погодиме желбите и потребите и на оние кои што се љубители на домашни миленичиња, но и на оние кои што немаат големи симпатии кон движењата на луѓето со миленичиња низ паркот.“ – напиша градоначалникот на Струмица Д-р Коста Јаневски.