ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: НАМЕСТО 6 ОТСТО, ПЕНЗИИТЕ ПОКАЧЕНИ ЗА 5,3 ОТСТО!

октомври 3, 2023

Од денеска треба да почне исплатата на септемвриските пензии, pензионерите ќе земат пензии повисоки за 5,3 проценти согласно методологијата за раст на пензиите, jaви МИА. Проекцијата на Министерството за труд и социјална политика за месец септември беше покачување од најмалку 6 проценти.

На 14 август, на средба со претставници на пензионерите за време на големиот протест на кој дојдоа и пензионери од цела Македонија, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, меѓу другото рече:

„Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 отсто. Првото усогласување во септември 2022 година беше 6.8 отсто, второто во март 2023година – 8.4 отсто и моменталната проекција за септември 2023 година- најмалку 6 отсто. Заедно со усогласувањето во јануари 2022 година тоа е раст за околу 24 отсто од доаѓањето на овој владин состав“.

Инаку, пензионерите бараат најмалку за 3.500 денари линеарно покачување на сите пензии, а најниската пензија да биде во износ од најмалку 18.000 денари. Во спротивно, како што беше порачано и од протестот на 20 минатиот месец, ќе се побараат оставки од министерката и од премиерот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ