strumica denes logo

ИНТЕРВЈУ СО ЗОРАН РИСТОВ: Во Струмица од неодамна започна со работа новото здружение на граѓани на лица со телесна попреченост и со попреченост во развојот!

Автор:

Датум:

ноември 13, 2023

Автор:

Датум:

ноември 13, 2023

Во Струмица од неодамна започна со работа новото здружение на граѓани на лица со телесна попреченост и со попреченост во развојот. Во своите простории здружението нуди услуги за своите членови и ги поканува сограѓаните на соработка.

Името на организацијата „Размислувај различно“ има цел да ги охрабри своите членови и граѓаните да погледнат на проблемите и на срединатасо сила за надминување на предизвиците и низ визијата за подобра иднина.

Струмица Денес: Што Ве поттикна да го основате здружението Размислувај различно? Што е значењето на името на организацијата и, која е вашата улога како Претседател.

Поаѓајќи од нашето лично искуство стекнато во портага по сопствените права кои ни следуваат согласно законите, истовремено познавајќи ги бариерите со кои се соочуваме во секојдневниот живот или пред институциите решивме дека имаме доволен мотив да основаме здружение. Сакавме да направиме платформа со која би излегле во пресрет на луѓето со кои може да споделиме искуство, да бидеме поткрепа на оние на кои им е потребно помош со цел да ги остварат своите права. Мислам на членовите, на луѓето кои се со телесна попреченост и со пречки во развојот.

Го нарековме Размислувај различно за да ги охрабриме сите наши членови да не размислуват преку призмата напречките туку да продолжат охрабрени. Мојот син (дете од основно училиште) ми објаснуваше дека во училиштето децата најмногу ги сакат, најмногу пријателство и другарство им пружат на децата кои имат повеќе потреба од внимание и помош. Тоа охрабрува, постои надеж дека можеби успеваме идните генерации да ги научиме да живеат без стереотипи. Основна идеја на здружението е судир со стереотипот кој создава разлики. Единствено што треба да е да размислуваме различно и да работиме, а потоа нештата ќе се променат.

Се зафатив да ги вршам работите на здружението како Претседател затоа што чуствувам дека кога ќе надминеш одредени предизвици должен си да им покажеш на другите дека мора да се обидат, да пробат да успеат.Личниот пример е најдобриот начин да им се покаже дека е најважна способноста да се преземе одговорност.

Струмица Денес: Кои лица и колку лица може да ги користат вашите услуги. Какави се услугите? Кој е условот да се стане член на „Размислувај Различно“?

Лицата со телесна попреченост и лицата со пречки во развојот се нашите членови согласно нашите позотивни акти. И, се разбира секој добронамерен граѓанин кој размислува различно, кај кого постои добра воља да излезе во пресрет. Не постои ограничување за бројот на членови. Но, она што охрабрува е што интересот за нашето здружение секојдневно расте.

Ние пружиме бесплатна правна помош на членовите пред институциите, пружиме здравствена помош и услуги на советување. Понекогаш на наша радост нашите членови добиваат и физичка помош околу своите редовни секојдневни задачи. Често пати досега сме имале дојава за доброволна активност, волонтерство на сограѓани. Им помагаме на нашите членови да ги завршат своите дневни активности. Сакаме да им помагаме да ги завршат сите задачи кои од нив ги очекуват блиските, законот и заедницата.

По конкретно за услугите: Во склоп на нашето здружение постои советувалиште кое ангажира лиценциран психолог. Работи восклоп на здружението и нуди бесплатни советодавни услуги за нашите членови. Досега имаме само пофалби од корисниците на ваков вид услуга.

Исто така нашето здружение има склучен договор за соработка со дипломиран сепцијален едукатор и рехабилитатор, дефектолог, каде со својата стручност помага на оние кои се заинтересирани.

Струмица Денес: Дали здружението ќе дејствува само на територија на Струмица и дали може да се обратат лица од другите места?

Моментално дејстуваме со канцеларија во Струмица. Секојдневно добиваме повици и остваруваме контакти од другите места и имаме членови од различи места.

Нашето здружение има свои простории, своја канцеларија која се наоѓа близу до Општа болница Струмица и овозможува секојдневни услуги. Па овде ја користам приликата да ги поканам сограѓаните да не контактират.

Струмица Денес: Како би ја оцениле ситуацијата, предизвиците со кои се соочуват вашите членови во моментов во Струмица и во државата?

Положбата на луѓето со попреченост е незавидна. Покрај здравствените проблеми исто како и сите граѓани се соочуваат со останатите потешкотии од разните кризи. Здравствена во смисла на скапи лекарства и прегледи и, економска во смисла на личен стандард, да ја спомнеме и енергетскакриза во зимните денови кои ни претстојат. Предизвиците на нашите членови до остварување на права се секојдневни. Покрај тоа што се соочуваат со бариерите како отежната физичка пристапност се соочуват и со бариери кои несвесно се изградени во институциите најпрвин комуникацијата и љубезноста, а потоа проблемот со достапноста на услугите поради потребата од редица на документи, поднесоци, патувања. Проблем создава и недоволната информираност на членовите кои сакат да побарат некоја помош или услуга од страна на институициите.

Помошта која ја обезбедува државата кон оваа категорија на граѓани е недоволна. Имајќи во предвид дека терпијата е драстично поскапена како и ортопедските помагала средствата не се доволни и членовите реагират.

Струмица Денес: Од кого очекувате најголема поддршка за заживување на работењето на вашето здружение и дали во моментов добивате поддршка, помош?

Очекуваме помош од државата односно министерствата и општините, но главната идеја е да се самоорганизираме за да можеме самите да си помагаме.Битно е да се изгради платформа која може да биде самостојна и која би значела реална помош.

Нашите податоци зборуват дека над двеста илјади сограѓани во земјава се соочуват со вакви секојдневни животни проблеми. Нашата иницијатива е заедно со други такви здруженија да допреме до оние кои се одговорни и тоа заедно како поголема маса. Ние самите можеме да се застапуваме, самите можеме да се организираме и така заеднички да пружиме помош на секој поединец.