Ловното друштво „Беласица“ од Струмица доби нов претседател – Зоран Ристов. Тој ја презеде функцијата во период кога друштвото се соочува со сериозни предизвици, но со јасна визија за финансиска стабилност, развој на ловиштата и враќање на довербата кај членството. Во интервјуто, Ристов говори за затекнатата состојба, тековните активности и идните планови за ЛД „Беласица“.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Во каква состојба го наследивте ловното друштво ЛД „БЕЛАСИЦА“ – Струмица кога ја превзедовте фукцијата претседател?
ЗОРАН РИСТОВ: На вонредното собрание кое со одржа на ден 24,08,2025 година како кандитат кој зад мојата кандидатура се потпиша 173 члена и изгласан од страна на делегатите бев избран за претседател на ЛД Беласица Струмица. Ловното друштво Беласица Струмица го наследив во исклучително тешка финансиска и организациска состојба. Сметката на друштвото беше блокирана со значителен долг по основ на неплатени придонеси и плати, што претставуваше сериозна пречка за нормалното функционирање. Дополнително, во работењето беа евидентирани неправилности и неосновани трошоци кои дополнително го оптоваруваа финансиското работење.Освен финансиските проблеми, постоеше и недостиг на соодветна документација, што ја отежнуваше транспарентноста и правната сигурност на друштвото. Членството беше демотивирано, а довербата кон раководството нарушена.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кои се најголемите предизвици со кои моментално се соочува друштвото?
ЗОРАН РИСТОВ: Финансиска стабилизација, иако дел од обврските се сервисирани, друштвото и понатаму е оптоварено со долгови по основ на извршни трошоци. Ова директно влијае на тековното работење и можноста за инвестиции,враќање на довербата кај членството поради претходните неправилности и недоследности во работењето, дел од ловците покажуваат недоверба кон раководството, што бара транспарентност и активно вклучување на сите членови. Управување со ловиштата која бара итна организација на ловно-техничките работи, одржување на ловните терени и изградба на инфраструктура (чеки, појила, хранилишта) за да се обезбеди квалитетен дивеч и одржливо стопанисување.Мотивација и активност на членството која потребно е поголемо вклучување на ловците во заеднички акции и активности за јакнење на колективниот дух и подобро функционирање на друштвото.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Какви активности се спроведуваат во моментов и што е во фокусот на членовите?
ЗОРАН РИСТОВ: ЛД Беласица Струмица во моментов реализира активности насочени кон стабилизирање на финансиската состојба и враќање на довербата кај своето членство. Се работи на постепено одблокирање на сметката, подобрување на организацијата и транспарентноста во работењето, како и на создавање услови за одржливо стопанисување со ловиштата,паралелно се спроведуваат ловно-технички активности за уредување на терените, изградба и одржување на чеки, појила и хранилишта, како и обезбедување храна за дивечот. Ловочуварската служба врши засилени контроли со цел спречување на нелегален лов, а во тек се и подготовки за претстојната ловна сезона.Фокусот на раководството останува насочен кон создавање стабилна организација, подобрување на условите за развој на дивечот и зајакнување на колективниот дух и довербата во друштвото.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Каква е соработката со локалната самоуправа и со другите институци ?
ЗОРАН РИСТОВ: Каква била соработката искрено не знам, но во иднина ЛД Беласица Струмица ќе остварува континуирана соработка со локалната самоуправа и со надлежните државни институции со цел подобрување на условите за стопанисување со ловиштата, унапредување на ловниот туризам и заштита на дивечот. Верувам дека Општината Струмица и соседните општини ќе изразат подготвеност за поддршка на проекти од јавен интерес, особено во делот на изградба и одржување на ловно-технички објекти, активности за заштита на природата и развој на ловните потенцијали, истовремено друштвото соработува со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и со шумските стопанства и полицијата, во насока на подобра контрола на терените и спречување на нелегален лов. Соработката со инспекциските служби се реализира согласно законските обврски, преку редовни контроли, евиденција на состојбата со дивечот и примена на пропишаните мерки.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Колку е важно за вас и за друштвото да се почитуваат правилата за лов?
ЗОРАН РИСТОВ: Почитувањето на правилата за лов претставува основен и неопходен услов за работењето на ЛД Беласица За нас тоа е од суштинско значење, бидејќи правилата обезбедуваат ред, дисциплина и рамноправен однос кон сите членови. Исто така, правилата се гаранција за безбедност на сите учесници во ловот и средство за спречување на нелегален лов и злоупотреби. Нивната примена го подигнува угледот на друштвото пред јавноста и институциите, а воедно придонесува за јакнење на довербата меѓу членовите.Затоа можеме да кажеме дека за ЛД Беласица почитувањето на правилата за лов не е само законска обврска, туку и главен предуслов за успешно, безбедно и одржливо функционирање на друштвото во тој контекст веќе разговатраме со сите околни ловни друштва заеднички да се справуваме со нелегалниот лов .
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Планирате ли нови проекти, акции или манифестации кои ќе го збогатат ловниот живот во регионот?
ЗОРАН РИСТОВ: Во следниот период се планираат активности за уредување на ловиштата, изградба и одржување на ловно-технички објекти, поставување појила и хранилишта, како и засилени акции за заштита на дивечот и спречување на нелегален лов, покрај редовните ловочуварски активности, се предвидуваат и манифестации за членовите и јавноста, како што се денови на отворени врати, едукативни настани за младите за значењето на ловот и зачувувањето на природата, како и традиционални ловечки средби кои ги зближуваат членовите и зајакнуваат колективниот дух и еве ексклузивно за вашиот портал на 11 Октомври традиционално се орагнизира свечен ручек каде за прв пат годинава ке има богата лотарија наменета за ловците и нашите гости со доделување на волечка пушка па во таа прилика ги поканувам сите лубители на ловниот спорт да бидат дел од свечениот ручек кој ке биде на браната водоча кај бараките на АРМ со почеток од 12 часот .
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Каде ја гледате ЛД „Беласица“ за пет години – какво друштво сакате да изградите и да оставите зад себе?
ЗОРАН РИСТОВ: За пет години, ја гледам ЛД Беласица како стабилно, организирано и одржливо ловно друштво, кое ќе служи како пример за сите други друштва во регионот па и подалеку. Се стремиме кон друштво со јасна финансиска стабилност, транспарентно и одговорно работење, каде секој член е мотивиран и активно вклучен во зачувувањето на природните ресурси и дивечот.Сакам да изградиме друштво кое е силно во заедничките акции, посветено на ловно-технички активности, со уредени ловишта и современа инфраструктура, како и активно вклучено во едукативни и еколошки проекти. Важен дел од оваа визија е и одржување на довербата меѓу членовите, јакнење на колективниот дух и воспоставување на конструктивна соработка со локалната самоуправа и институциите.Целта е да оставиме друштво кое не само што ќе биде функционално и успешно, туку ќе ја пренесе културата на ловот и одржливото стопанисување на дивечот на идните генерации, создавајќи темел за долгогодишна традиција и гордост за сите членови ние сме браќа по оружје.
Со јасна визија и посветеност, Зоран Ристов најавува нова енергија во работењето на ЛД „Беласица“. Целта е друштвото да стане стабилна и успешна организација, пример за одговорно стопанисување и силен колективен дух меѓу ловците.























