ИНТЕРВЈУ СО СТРУМИЧАНЕЦОТ М-Р МАРЈАН ДИМИТРИЕВ – ЕДИНСТВЕНИОТ НЕУРОКИНЕТИЧАР ВО МАКЕДОНИЈА И ЕДЕН ОД НЕКОЛКУТЕ КИНЕЗИОЛОЗИ!

март 8, 2020

Интервју на Струмица Денес со м-р Марјан Димитриев сопственик на Едем Велнес Центар!

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кој и што е Марјан Димитриев?

МАРЈАН ДИМИТРИЕВ: На приватен план сум семеен човек, сопруг и татко на најпрекрасните жена и син, кои се моја бескрајна инспирација и подршка. Вљубеник сум во мојата професија, спортот, музиката, здравиот начин на живот. Мојата најголема пасија е човечкото тело, како тоа функционира од најмал детал на движење на атомот до големата слика која е видлива, односно движењето на телото во просторот.

По професија сум магистер кинезиолог, кинезитерапевт/физиотерапевт, фитнес/ личен тренер, лајф коуч.
Единствен Неурокинетичар сум во Македонија, мануален терепевт по Ниел Ашер метода, читач на движење по Том Мајерс метода, како и еден од неколкуте Кинезиолози во нашата држава.

Имам посетено доста семинари и запознаено мои колеги иноватори од целиот свет, како Шпанија, Англија, САД, Хрватска, Германија, Холандија, Бугарија итн. Зад себе имам 12 години искуство во третирање на болки и подобрување на функциите на различни проблематики кај клиенти, од професионални спортисти до обични луѓе кои го поминуват животот седејќи.

Сопственик сум на Едем Велнес Центар , кој е создаден да помага во создавање нови животи полни со здравје, енергија, радост и среќа.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Која е вашата тајна за успех за совршено и здраво тело на човекот?

МАРЈАН ДИМИТРИЕВ: За да остварете совршено здравје потребно е да ги доведете во баланс вашето тело, ум и дух. Една прекрасна мисла вели: во здраво тело здрав дух и според мене е наједноставната голема мудрост изречена која ја посочува нераскинливата врска помеѓу телото и духот.
Оваа е доста голема тема која тешко да се објасни во оваа кратко интервју затоа би ја оставил и довршил во посебна статија.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Според Вас, водат ли струмичани здрав живот?

МАРЈАН ДИМИТРИЕВ: Да, но за жал многу мал број од нив и тоа на недоволно добар начин и во многу случаи погрешен. Сето тоа е резултат на многу мала информираност и недостаток од точна информација базирана на наука и истражување. Повеќето струмичани посветуваат внимание на надворешниот изглед преку шминка, фризура и гардероба мислејки дека така ќе се чуствуваат подобро, но напротив убавината преку здравје и внатрешна среќа е онаа вистинската. Меѓутоа, ме радува фактот дека се повеќе луѓе се свестуваат за важноста на своето здравје и бараат професионална помош и тоа од сите возрасти. Нашите задоволни клиенти бенифитите и убавината од грижата за своето здравје ја пренесуваат на други луѓе и на тој начин расте оваа бројка што е факт кој радува.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Со какви здравствени проблеми најчесто доаѓаат луѓето кај Вас?

МАРЈАН ДИМИТРИЕВ: Многубројни се болестите со кои се соочуваме секојдневно во нашиот Велнес Центар, од обични болки па до многу сериозни болести. Би било тешко да ги набројам сите, но ќе наведам некои: основните болки во мускулите и зглобовите почнувајќи од врат, грб па цело тело, автоимуни болести како МС, АЛС, артирити, артрози, внатрешни болести, пост оперативни состојби, деформитети и дискинезии, психички проблеми, спортски повреди, зголемување на спортски перформанси и т.н. Има и клиенти кои саакат да се грижат за својот изглед и убавина преку намалување или зголемување на телесната маса, третмани за поубава и поздрава кожа, како и превентивно релаксирање со масажа или спа со сауна, парна бања или џакузи.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Колку исхраната влијае врз нашето тело? Неколку совети и препораки до нашите читатели?

МАРЈАН ДИМИТРИЕВ: Премногу. Храната е еден од најважните извори на енергија на човекот и таа мора да биде полна со енергија и чиста. Доколку внесувате лоша храна тоа ќе се одрази врз вашето здравје, но доколку внесувате здрава храна тоа ќе го подобри вашето здравје. Избегнувајте процесирана храна и полна со рафинирани масти и шекери. Јадете повеќе овошје и зеленчук, мешункасти плодови, јаткасти плодови, но потрудете се тоа да е од органско потекло. Пијте доволно вода исто од чист извор и уживајте во храната, не претерувајте!

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што се нуди Едем Велнес Центар?

МАРЈАН ДИМИТРИЕВ: Нашата палета на услуги е доста голема: Масажи, третмани на лице и тело, ритуали; Спа: сауна, парна бања, џакузи, физиотерапија и рехабилитација, кинезитерапија, солариум, фитнес. За секој кој сака да се информира за сите наши услуги и цени за нас може слободно да го посети нашиот сајт www.edem.mk

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Како за крај, што би им препорачале на струмичани?

МАРЈАН ДИМИТРИЕВ: Грижете се за вашето здравје и вашето тело, тоа е вашиот храм во кој живеете 24 часа на ден, па погрижете се да биде најубавото место во кое сакате долго да престојувате!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ