Интервју со струмичанецот Костадин Цветанов – Гранд директор во Еко компанијата ТианДе. Во продолжение погледнете го.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што е ТианДе?
КОСТАДИН ЦВЕТАНОВ: ТианДе е Руска компанија со главно седиште во градот Барнаул,кој се наоѓа во Сибирскиот регион. Основана е во 2007 година во Русија и за многу кратко време се проширува низ сите континенти со свои претставништва.Во Македонија е присутна веќе 6 години, на што ние Струмичани треба да сме посебно горди зошто имаме претставништво во нашиот град скоро 3 години,зошто во цела Македонија има само во 4 града. Во составот на производите од ТианДе има само екстракти од растително(цвет од бел лотос,жалфија,гоџи …) и животинско потекло(слуз од полжав,змиско сало,рскавица од ајкула …).Тоа покажува дека станува збор за ЕКО Бренд без никакви хемикалии и со тоа се вбројува во малкуте компании кои нудат исклучиво Биокомпитабилни производи.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што се’ им нуди ТианДе на луѓето?
КОСТАДИН ЦВЕТАНОВ: Палетата на производи во ТианДе е поделена во 3 групи :
– Нега на здравје
– Нега на убавина и
– Производи за домаќинство
За програмата “ нега на здравје “ треба да се знае дека станува збор за производи кои се произлезени од Кинеската традиционална медицина која пак е заснована на стари Тибетски рецепти (некои се постари и од 2.000 години). Овде би додал 2 работи :
Првата е дека во стара Кина терминот болест не бил познат, туку според нив станува збор за СТАДИУМ на организмот во ТОКСИЧНА состојба и бара начин како да се ослободи од акумулираните отрови. А тоа значи дека на нашиот организам муе потребна ДЕТОКСИКАЦИЈА .
Втората работа е зошто се толку делотворни производите на ТианДе? Освен што се стари Тибетски рецепти, во составот на производите влегуваат билки од двата нај Еколошки предела на планетата Земја, а тоа се Тибетските висорамнини кои се наоѓат на над 3.500 м. Надморска висина и висорамнини на планинскиот масив АЛТАЈ (поточно ГОРЕН АЛТАЈ), каде најблискиот град (цивилизација) е на растојание повеќе од 700 км.
Во овие билки концентрацијата на етеричните масла е од 8 до 12 пати поголема за разлика од истите било каде во светот набрани и нив ги берат специјално обучени луѓе по Лунарниот календар во точно одреден период од денот и тоа не секоја по ред,туку посебно одбрани.Поради тоа и нашиве лекари се изненадени од резултатите од своите пациенти кои користеле програми од ТианДе, а такви ги има секојдневно се повеќе на што ние во компанијата сме посебно горди .
За програмата “ нега на убавина “ не би зборувал многу, оставам самите корисници да споделуват разлики од претходно што користеле и ефектот што го добиле од начите производи .Но би рекол само дека не се само “козметички производ“ , туку нашата козметика се нарекува КОЗМЕЦЕВТИКА – козметика + медицина , па затоа помага и во отклонување било какви проблеми со кожата .
Во програмата “ производи за домаќинството “ имаме средства за одржување на лична хигиена , без никакви штетни по здравјето хемикалии . (фосфати,абразиви,избелувачи …) Тука би ги издвоил двата ТОП ЕКОЛОШКИ производи :
1. Топки за перење алишта со Турмалин и Сребро кои перат по пат на Физика со разградување на молекулите на водата на 40 степени и со тоа ги отклонуват нечисотитиите и уништуват сите бактерии, а притоа не ја загадуват животната средина .
2. Средство за миење садови но и ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК пред конзумирање. Составот на овој производ е 100% природен екстракт од Сапунест орев кој ги отклонува сите хемикалии и воопшто не е штетен по нашето здравје туку напротив . Од него имаме позитивни резултати кај луѓе што почнале да го користат а претходно имале проблеми со Гастрит,постепено си го отклониле својот проблем.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Може ли секој да ги користи производите на ТианДе ?
КОСТАДИН ЦВЕТАНОВ: Да, секако дека може , но дел од производите од програмата “ нега на здравје “ се користат на возраст поголеми од 12,14 години,како и кремите за лице специјални за одредени типови на кожа за различни возрасти : 30+ , 40+ , како и за позрела кожа 50+.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Можете ли да ни споделите некакви искуства од ваши клиенти?
КОСТАДИН ЦВЕТАНОВ: Секако, но само од луѓето кои ни даваат дозвола за тоа, зошто ние сме должни како компанија да ја почитувамe нивната приватност и интима.Така да оние “похрабрите“ кои си отклониле некаков проблем со користење на наши производи ги споделуваат своите искуства како во разговор со свои пријатели, со слики пред и потоа по социјалните мрежи така и во книгата за споделување на искуства која стои во нашето претставништво во Струмица која и е достапна за секого.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Каде го гледате ТианДе во иднина?
КОСТАДИН ЦВЕТАНОВ: Најпрвин со гордост сакам да споделам со сите вас дека насмевката на лицата на нашите клиенти се ЗНАКОТ за КВАЛИТЕТ на нашите производи и се додека компанијата ни ги доставува производите со истиот квалитет ние ќе им помагаме со нив на луѓето.Овде сакам да споделам со вас две за мене многу важни информацији за Компанијата ТианДе :
1. Пред 2 години компанијата започна нов проект , на сите свои производи почна да им прави Update (Апдејт), тоа значи : – секој производ после извесен период се враќа во лабораторија и му се додаваат нови компоненти кои му ја зголемуваат неговата делотворност.
2. Ако во моментот,компанијата од било какви причини не е во можност да обезбеди некоја состојка за одреден производ, тој производ не се произведува се додека не се обезбедат сите компоненти , тоа значи дека не се пушта во промет производ со заслабнат квалитет.
Според тоа и многу други фактори : средината во која живееме,храната,водата,воздухот и др. , народот се повеќе се враќа кон природата , односно бара БИО ( биокомпитабилни ) производи за отклонување на своите проблеми или задоволување на своите потреби.