ИНТЕРВЈУ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС СО ГЕРИ НИКОЛ: Првиот настап во Македонија ми беше во Струмица – Таму публиката е многу повистинска, пожива и добронамерна!

август 26, 2022

Гери Никол, една од најпознатите бугарски пејачи во моментот во Бугарија и во Балканот. Нејзините песни се со милионски прегледи на јутјуб, а за Македонија вели дека ја обожава како земја. Во продолжение кратко интервју со бугарската дива!

Струмица Денес: Ти си една од најмладите пејачки во Бугарија и зад тебе веќе стојат голем број настапи во различни држави. Има ли разлика помеѓу македонската и бугарската публика?

Гери Никол: За жал, има. Во Македонија публиката е многу повистинска, пожива и добронамерна. Тука секогаш сум опсипена и удостоена со многу внимание и добар, коректен однос. Со еден збор – прекрасни сте!

Струмица Денес: Дали сите твои песни подеднакво се прифатени од луѓето?

Гери Никол: Мислам дека да. Правам песни коишто предизвикуваат многу адреналин, песни на коишто моите фанови се забавуваат вистински и незаборавно.

Струмица Денес: Настапи и на Струмица Опен Фестивал. Дали досега си била дел од друг ваков фестивал со големи размери?

Гери Никол: Да, сум била дел од можеби најголемите фестивали во Бугарија и за мене е огромна радост и чест што бев дел од едно вакво грандиозно музичко случување какво што е Струмица Опен Фестивал.

Струмица Денес: Кога да очекуваме нешто ново од Гери?

Гери Никол: Многу наскоро очекувајте изненадување од мене! (се смее).

Струмица Денес: За крај, што би и’ порачала на публиката во Струмица?

Гери Никол: Очекувајте ме наскоро во Струмица! Ве обожавам, ќе го кренеме адреналинот до максимум!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ