Западните земји треба да престанат бесмислено да ги жртвуваат животите на Украинците во конфликтот со Русија и да постигнат мирно решение со Москва.
Во спротивно, опасноста од избувнување на Третата светска војна ќе биде сѐ поголема и поголема, оцени милијардерот Илон Маск, пишува The Hill.
„Она што се случува во Украина е всушност жртва на голем дел од украинската младина и тоа, во суштина, без територијални придобивки“, рече тој во подкаст објавен на неговата страница на мрежата Х.
Сегашната ситуација е бесмислена и за Запад би било прагматично да ги обнови односите со Русија. Русите и Украинците се лути еден на друг, но тие се „буквално едно семејство“, смета тој.
„Мислам дека ние на Запад ги поттикнуваме да ги убијат нивните синови и ми се чини дека тоа е неправилно. Што и да каже некој, тие не се природни противници“, прецизира Маск.
„Мислам дека се приближуваме до Трета светска војна. Донесуваме една глупава одлука по друга, влегуваме во Трета светска војна. Луѓето треба да се вклучат во самоанализа“, коментира тој.
Тој привлече внимание и на фактот дека американската политика ја принудува Русија да влезе во сојузи со Иран и Кина, што може да биде проблем за целата цивилизација.