ИЛОН МАСК СО ПОРАКА ДО СВЕТОТ: Имајте повеќе деца, во спротивно вашите култури ќе исчезнат!

декември 19, 2023

Мултимилијардерот Илон Маск го повика населението во индустријализираните земји да има повеќе деца, бидејќи во спротивно, како што наведе, ќе исчезнат културите.

На политичкиот фестивал Артеју во Рим, кој го организираше екстремно десничарската партија Браќа на Италија, на која ѝ припаѓа и премиерката Џорџа Мелони, тој порача дека имањето повеќе деца е единствениот начин да се запре намалувањето на бројот на жители што им се заканува на многу економски напредни земји.

„Мојот совет до лидерите на владите и луѓето е: Погрижете се да имате деца за да создадете нова генерација“, рече Маск.

Милијардерот има 11 деца со 3 различни мајки, а на фестивалот излезе со едно од своите деца во прегратка, велејќи дека демографијата е важна. Тој ја смета Италија за неверојатна земја која е добра за инвестиции, но компаниите се прашуваат дали ќе има доволно луѓе за работа.

Маск ја поддржа легалната имиграција, се спротивстави на илегалните имиграции и им порача на земјите дека треба да го прифатат секој оној кој е чесен и кој е подготвен да работи напорно, пренесува „Euronews“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ