ИЛОН МАСК БАРА ВОЛОНТЕРИ ПО ДОБИЕНАТА ДОЗВОЛА ЗА ИМПЛАНТИ ВО МОЗОКОТ!

декември 12, 2023

Neuralink доби „зелено светло“ од FDA, па сега може да почне да бара волонтери за учество во првите клинички испитувања на мозочниот имплант.

Целта на компанијата на Илон Маск е да ја искористи оваа технологија за да им овозможи на луѓето со некаква попреченост да ги вратат или барем да ги подобрат своите моторни функции. Заинтересираните кандидати мора да се пријават за овие цели, пренесува Livemint.

Неуралинк со години работи на проекти кои вклучуваат поставување на мозочни импланти, а Американците на возраст над 18 години кои имаат одредени физички попречености сега можат да учествуваат во испитувањата, доколку ги исполнуваат сите потребни услови.

На тестирањето на луѓе му претходи тестирање на животни, па така Neuralink во неколку наврати објави видеа кои покажуваат како функционира. Во еден од нив, мајмун макаки игра едноставна видео игра, контролирајќи ја со мозочен имплант.

Како што рече Маск, крајната цел на Neuralink е „човештвото да постигне симбиоза со вештачката интелигенција“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ