И ОВАА ГОДИНА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДОДЕЛУВА ПО 3.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНЧЕ!

јануари 31, 2020

Општина Струмица и оваа година ќе продолжи со доделување на еднократна парична помош за секое новороденче на Одделението за гинекологија и акушерство во болницата во Струмица. Еднократната помош изнесува 3.000 денари, а ќе ја добијат полнолетни родилки со постојано место на живеење на територијата на општина Струмица. Предлог одлуката беше усвоена на последната седница на Советот којашто се одржа на 29 јануари.
Во минатата година ваква помош им беше доделена на 319 новороденчиња.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: