strumica denes logo

И ОВА ГО ИМА ВО МАКЕДОНИЈА: Докторка од Гевелија работела седум години, ама немала завршен Медицински факултет

Автор:

Датум:

септември 13, 2024

Автор:

Датум:

септември 13, 2024

„Докторке!“. Вака ѝ се обраќале и колегите и болните во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, каде таа облечена во белиот мантил, во своите раце го држела здравјето и животот на пациентите во ковид пандемијата.

Болницата ѝ исплаќала плата за општ лекар и надоместок за одвоен живот. Но, во сето тоа навидум вообичаено секојдневие, имало еден огромен проблем: таа немала завршено Медицински факултет, туку била вработена како „доктор“ за фалсификати. Ова е приказната за А.А. (име и презиме познато на редакцијата) која од 2016 година е вработена во гевгелиската болница на работното место доктор на медицина, без да има лиценца од Лекарската комора ниту пак завршен Медицински факултет , пренесе Слободен печат.