strumica denes logo

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО: ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР УЧЕНИЦИ ПРОТИВ ПРОФЕСОРИ ЗА НИНА ВО СПОРТСКАТА САЛА „ПАРК“

Автор:

Датум:

ноември 10, 2025

Автор:

Датум:

ноември 10, 2025

СОУ „Јане Сандански“ – Струмица организира хуманитарен фудбалски натпревар посветен на малата Нина, во рамките на акцијата „Срце за Нина“. На терен ќе се соочат екипите професори против ученици, а целиот настан има за цел да се соберат средства за нејзиното понатамошно лекување и рехабилитација.

Натпреварот ќе се одржи во четврток, 13 ноември, со почеток во 11:30 часот, во спортската сала „Парк“ во Струмица. Влезницата изнесува 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за Нина.

Од училиштето упатуваат повик до учениците, професорите, родителите и до сите хумани граѓани да присуствуваат на овој спортски настан и преку симболичната влезница да дадат свој придонес.

Организаторите порачуваат дека секоја купена карта е чекор поблиску до подобро и посигурно утре за Нина и дека спортот повторно ја докажува својата најважна мисија, да обединува и да поттикнува човечност.