Хуманитарна акција за Нина „Дружината на Лајко Сезнајко“

ноември 23, 2018

Режијата е на Јулија Милкова, според текст на драматургот Никола Сарајлија. Настапуваат актерите од струмичкиот театар: Јулија Милкова, Ванчо Василев и Анкица Бенинова. Животинските костими се дело на Кирил Василев.

Детската едукативна интерактивна претстава „Дружината на Лајко Сезнајко“, во продукција на Здружението „Видливост“ и НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, е дел од проектот „Животните од фармата“,поддржан од Општина Струмица. Главна цел на проектот е преку анимативна игра и театарска претстава да се подготват најмладите, во иднина да бидат соодветна театарска публика.Тие ќе бидат едуцирани и за карактеристиките на домашните животните и користа што човекот ја има од нив. Актерите, со целосна маскота на домашните животни, низ игра ќе ги едуцираат најмладите да не бидат зависни од телевизорот, компјутерот или таблетот.
Дејството на претставата се случува еден летен ден во некој селски двор, при што децата ќе се запознаат со пет домашни животни, кои се појавуваат во сонот на девојчето Јулија. Децата ќе ги проследат доживувањата на кучето Лајко Сезнајко, коњот Дорчо Брзозборчо, кравата Шара, овцата Белка Стрелка и кокошката Кока Итроока. Најмладите ќе имаат можност да дознаат се за нивното потекло, нивниот живот и нивното значење за човекот. Приказната започнува во раните утрински часови кога животните се будат и започнуваат со своите секојдневни обврски, но проблемот настанува кога во дворот наоѓаат необичен предмет, всушност, мобилен телефон околу кој настанува расправија што е и чиј е тој чуден предмет. На крајот, сите се согласни дека треба повеќе да другаруваат преку заеднички игри во дворот, отколку со техничките пронајдоци кои ги оддалечуваат од себе и од природата, но и штетноста за здравјето од нивната прекумерна употреба.

Ве молиме пред влезот во салата да ги исклучите мобилните телефони.
Забрането е фотографирање, аудио и видео снимање.

Билетарницата работи секој работен ден од понеделник-сабота од 08-21 и еден час пред претставата.
Резервации на тел. 071 205 264

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: