ХУМАНИТАРЕН ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР – УЧЕНИЦИ ОД ООУ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ – СТРУМИЦА СО ЛЕКЦИЈА ЗА ХУМАНОСТ!

По повод големиот Христијански празник Велигден наставничките Невенка Дончевска и Наташа Тумановска Витанова заедно со учениците од III-4 одд. и II-3 одд. при ООУ ,,Никола Вапцаров” – Струмица во соработка со родителите на учениците организираа Велигденски хепенинг со хуманитарен карактер.

По повод одбележување на претстојните празници на хепенингот учениците ги презентираа своите рачно изработени Велигденски украси.

❗Собраните средства од Велигденските изработки, најмалите ги донираа во Фондација Елеуса!

ФОТО: Сречко Гунчев

Автор:

Датум:

април 12, 2023

Категории:

Струмица