ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Ајде на избори во мај, Ковачевски нека ја распушти Владата!

јануари 12, 2023

Ковачевски денеска ги негираше тврдењата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека има сигнали од пратеници на власта кои поддржуваат предвремени избори.

Му благодариме на Ковачевски што е јавно задоволен со барањето за избори во мај, и еве, ако е прифатливо за него, владата да се распушти во февруари и Македонија да оди на избори, реагирааат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешна изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека барањето на Христијан Мицкоски за предвремени избори во мај е комплимент за Владата.

„Се надеваме меѓу два стратешки состаноци за барање на странска помош за справувања со кучиња бездомници и чекањето на списокот со задачи кој треба да му го донесе Али Ахмети по тиранската средба, Ковачевски нема да го смени мислењето и да исчезне благодарноста за избори во мај“,

соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски денеска ги негираше тврдењата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека има сигнали од пратеници на власта кои поддржуваат предвремени избори, воедно додавајќи оти е комплимент за Владата што тој бара избори во мај, а не во зима, затоа што очигледно смета дека власта добро се справува со енергетската и економската криза.

Ковачевски повторно нагласи дека неговиот став е многу јасен, а тоа е дека избори ќе има во редовниот термин во 2024 година.

„Сигнали од пратеници нема. Мицкоски не знам по кој пат поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став бидејќи јас не ги менувам моите ставови како него на една недела, а тоа е дека избори ќе има во 2024 година во редовниот термин, зашто се наоѓаме среде економска и енергетска криза. Тоа што тој бара избори во мај, всушност, е и комплимент за владата, бидејќи не сака избори во зима – тој не сака да се справува со енергетска криза и економска криза. И комплимент е затоа што веројатно смета дека Владата одлично се справува и со економската и енергетската криза, бидејќи енергетската криза завршува на 30 април, а тој бара избори во мај што значи дека јас можам само да му се заблагодарам на довербата од мое и од име на министрите од економските ресори“,

рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата РЕК Битола.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ