strumica denes logo

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Човекот кој беше пред времето и го даде животот за Македонија!

Автор:

Датум:

мај 4, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 4, 2022

Категории:

Струмица

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

119 години од убиството на Апостолот на македонската национална борба за слобода. Човекот кој беше пред времето и го даде животот за Македонија.
Слава му!

По повод убиството на Гоце Делчев во статијата „Македонските масакри“, објавена во Der Deutsche Correspondent на 29.05.1903, p. 4. кој досега е необјавен документ во македонската јавност, пишува:

Македонските масакри

Берлин, 27 мај – „Франкфуртер Цајтунг“ објавува депеша од својот македонски кореспондент, во која се истакнува дека за време на крвопролевањето извршено од османлиските трупи на 10 мај во селото Баница, во близина на Серес, сите жители на селото, со исклучок на петнаесет души, биле заклани без разлика на возраста и полот. Во Баница живееја илјада и петстотини семејства.

Веста дека масакрот бил последица на присуството на македонскиот востанички лидер Делчев во Баница, се чини дека е потврдена. Војничките трупи биле испратени да го убијат страшниот Делчев, или да го фатат жив. Меѓутоа, задачата воопшто не била лесна, бидејќи Македонците се собрале околу својот водач и им приредиле топол пречек на Османлиите кога овие упаднале во селото. Дури после една долга и очајничка борба, малкуте борбени Македонци потклекнале пред бројната надмоќ на веројатно тројно супериорните османлиски непријатели. Отпорот на кој наишла турската власт при продорот во селото, дотолку ги вознемирил и налутил, што започнале да ги масакрираат жителите и на крајот ги запалиле сите куќи.
Во прилог Факсимил.