ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ И’ ЈА ДАДЕ ДОВЕРБАТА: СТРУМИЧАНКАТА ЕЛИ ПАНОВА Е ЧЛЕН НА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ!

јануари 31, 2022

Гордана Димитриевска Кочовска и Тимчо Муцунски се двајцата нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски, а Ѓорѓија Сајкоски и понатаму ќе останe генерален секретар на партијата.

Ова вечерва го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по Централниот комитет, кој избра нови членови на Извршниот комитет на партијата.

Дел од новиот Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ е и струмичанката Ели Панова која воедно е и пратеник во собранието на Република Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ