strumica denes logo

Хористките од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица со второ место на Државниот натпревар за хорови!

Автор:

Датум:

мај 16, 2025

Автор:

Датум:

мај 16, 2025

Уште еден значаен успех за средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица! Хористките од ова училиште го освоија второто место на Државниот натпревар за хорови, кој беше организиран од Здружението на музички педагози на Македонија.

Со внимателно избрана репертоарска програма и под водство на нивниот музички педагог, ученичките достојно го претставија училиштето и градот, истакнувајќи се со извонредна вокална изведба и сценска уверливост. Конкуренцијата беше силна, но хорскиот состав на СОУ „Јане Сандански“ повторно докажа дека посветената работа и талентот даваат резултати.

Овој успех претставува уште една потврда за континуираната поддршка на училиштето за уметничкиот развој на учениците, како и за важноста на музичката едукација во воспитно-образовниот процес.

Честитки до хористките, нивниот ментор проф. Анита Станковска и целото училиште за овој голем успех!