Групацијата Трафигура ги објави финансиските резултати за 2022!

декември 13, 2022

Групацијата Трафигура, еден од клучните инвеститори во Еуромакс и во современиот рударски комплекс за бакар „Иловица – Штука“, годинава оствари нето профитот од 7,026 милијарди американски долари, што е двојно повисок од минатогодишните резултати. Вкупните приходи на компанијата се зголемени за 38 проценти и изнесуваат 318,476 милијарди американски долари споредено со  231,308 милијарди од минатата 2021 година. Ова го покажуваат годишните резултати од работењето за 2022 година што Групацијата ги објави.

Фактите за постигнатите резултати во континуитетнеспорно тврдат дека Трафигура е една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се ЛИДЕРИ во секторот на “commodities” или стратешки природни суровини како нафта и нафтени деривати, природен гас LP&LNG, критични метали и минерали како и директна примена на „зелената“ технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална енергија).

Еуромакс ресоурцес на својот Фејсбук профил ги сподели најновите финансиски резултатите на Трафигура со објаснување дека да се има оваа компанија за партнер претставува „извонредна можност за брз економски “BOOM”!

„Сите ние од тимот на EuromaxResources кои посветено работиме на развојот и реализацијата на Проектот за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука“, посебно сме горди што во последниве неколку години еден од клучните наши инвеститори е глобалниот деловен гигант – Групацијата . Во нагласено турбулентна година полна со огромни глобални предизвици, Групацијата Трафигура неприкосновено професионално помогна на националните економии и нивните деловни партнери успешно да се справуваат со огромните проблеми предизвикани од глобалното нарушување на ланците за снабдување манифестирајќи маестрално менаџирање со ризиците што пак резултираше со рекордно позитивни бизнис и финансиски резултати“’, велат од Еуромакс.

Трафигура е мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти.

„Овие факти уште еднаш ни укажуваат дека е извонредна привилегија за нашата национална економија да бидеме актуелни на мапата за големи деловни ИНВЕСТИЦИИ на Групацијата Трафигура. Имаме неповторлива шанса преку реалната инвестиција во овој мега Проект „Иловица – Штука“, но и во повеќе други потенцијални инвестициски проекти кои објективно може да се развијат во нашата држава, за многу краток период да постигнеме остварлив позитивен пресврт за значаен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес!“, дополнуваат од Еуромакс Ресоурцес.

Повеќе за финансиските резултати на Трафигура на следниов линк.

(Комерцијална ПР објава)

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: