strumica denes logo

Граѓаните во Македонија најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити!

Автор:

Датум:

октомври 22, 2025

Автор:

Датум:

октомври 22, 2025

Вкупните депозити во земјава во септември годинава се зголемени за 13,2 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка. Растот најмногу се должи на зголемувањето на депозитите кај домаќинствата.

Вкупните кредити бележат годишен раст од 13,5 проценти, главно поради зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор, но раст има и кај домаќинствата.

Кај физичките лица најзастапени се потрошувачките и станбените кредити, кои во септември пораснале за 0,9 и 1,6 проценти месечно, а на годишно ниво за 10,2 и 16,1 отсто.

Депозитите на домаќинствата се зголемени за 1,2 проценти месечно, а на годишно ниво за 13,6 проценти, додека корпоративните депозити месечно бележат пад од 2 отсто, но на годишно ниво се зголемени за 12,8 проценти.

Народната банка посочува дека кредитната активност и натаму има позитивен тренд, а најмногу кредити граѓаните земаат за потрошувачки и станбени потреби.