ГРАЃАНИТЕ НА СТРУМИЦА ПРАШУВААТ ДО КАДЕ Е ИЗГРАДБАТА НА СТАЦИОНАРОТ ЗА БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ? ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА СЕ’ УШТЕ НЕМА ОДГОВОР!

април 17, 2019

Здруженијата на љубители и заштита на животни во Струмица како и повеќе граѓани од општина Струмица, деновиве во порака до нашата редакција испраќаат фотографии од измачувања врз животните и револтирано реагираат пишувајќи дека надлежните не презимаат никакви мерки за заштита на животните. Исто така се отвара дискусија и се наметнува прашањето што стана со изградба на стационарот за бездомни животни. Редакцијата на Струмица Денес испрати прашање до Општина Струмица во кој наведовме дека ни се потребни информации по барање на нашите читатели до каде е изградбата на стационарот. Но, засега не добивме никаков одговор.

Граѓаните и здруженијата секојдневно споделуваат фотографии и испраќаат апел до граѓаните на општина Струмица, доколку забележат случај во кој животните се измачувани тоа да го пријават во полиција.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ