Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, првиот работен ден од новата година го започна со најмладите жители на општината, посетувајќи ја новата детска градинка „Весели насмевки“ во село Ангелци.
Заедно со директорот Игор Илиев, градоначалникот ги посети двете воспитни групи во градинката, при што на децата им беа поделени нови детски играчки – донација обезбедена од УНДП.
Посетата помина во топла и позитивна атмосфера, исполнета со детска радост и искрени насмевки. Од Општина Василево истакнуваат дека грижата за најмладите и вложувањето во квалитетни услови за нивен раст и развој остануваат еден од врвните приоритети на локалната самоуправа.
Насмевките и среќата на децата, како што посочуваат надлежните, се најсилната мотивација за понатамошна посветена работа во насока на создавање подобра и побезбедна средина за најмладите.



























