strumica denes logo

Градоначалникот Славе Андонов: ОК Сушево се гордоста на општина Василево!

Автор:

Датум:

мај 14, 2025

Автор:

Датум:

мај 14, 2025

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари средба со младите одбојкари од Одбојкарскиот клуб Сушево. На средбата, одржана во неговиот кабинет, Андонов ја истакна својата поддршка за клубот, кој сезонава успешно се натпреварува во Првата одбојкарска лига, резултат што претставува исполнување на неговото предизборно ветување.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„ОК Сушево се нашите амбасадори, репрезенти на најдоброто од општина Василево. Тие се наша гордост, симбол на спортската традиција и вистински расадник на млади таленти. Како општина, вложуваме во спортот затоа што веруваме дека тоа е суштински дел од воспитувањето на здрави, успешни и одговорни млади луѓе,“ истакна Андонов.

И покрај тешката финансиска состојба во која, како што посочи, ја затекнал општината, Андонов успеал да обезбеди поддршка за враќање на ОК Сушево во највисокото ниво на натпреварување.

„Сакам да нагласам дека задоволството од учеството во Првата одбојкарска лига е заедничко. Сите ние, граѓаните на општина Василево, се гордееме со резултатите на овие млади момци. Затоа, секој инволвиран треба да го даде својот максимум, за да и радоста биде максимална. Сите заедно да се радуваме на нивните победи,“ додаде градоначалникот.

Од локалната самоуправа најавуваат и понатамошна поддршка за развојот на спортот, со посебен фокус на младите генерации, како еден од клучните сегменти за здрава и напредна заедница.