Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, предводејќи делегација од Општината, денеска ја посети среќната мајка на првото бебе родено во 2026 година во Струмица, д-р Катерина Тодорова.
За време на посетата, Јанков ги пренесе најтоплите желби до малата Каја, посакувајќи ѝ да расте здрава и среќна, како и долг живот исполнет со многу радости и успеси. Градоначалникот упати порака и до родителите, охрабрувајќи ги во нивната одговорна и значајна улога во воспитувањето и грижата за детето.
„Општина Струмица и во иднина ќе остане силна поддршка на секое ново семејство,“ истакна Јанков. Посетата беше заокружена со заеднички желби за среќна, работлива и успешна 2026 година за сите граѓани.



























