ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА СИНОЌА ПРВ ЈА ПОСЕТИ МАЈКАТА КОЈА ГО РОДИ ПРВОТО НОВОРОДЕНЧЕ ВО ГРАДОТ ЗА 2020!

јануари 1, 2020

Како што соопштија од гинеколошкото одделение за Струмица Денес, годинава повторно првото новороденче во нашиот град е женско. За разлика од минатата година која првото новороденче се роди во 1 часот по полноќ, оваа година тоа се случи само една минута по полноќ. Сандра Тошева е мајката која роди девојче со тежина од 2,900 грама. Искрени честитки!

„Новиот жител на нашата Општина во оваа нова 2020 година е девојче, родено во првата минута по полноќ. Го посетив новороденчето и неговата мајка Сандра Тошева од населеното место Муртино во болницата во Струмица. Им посакав се најубаво во Новата година, а на новороденчето му подарив и штедна книшка со 20 илјади денари.“ – напиша градоначалникот на општина Струмица-Коста Јаневски!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ