ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА И АТИЏЕ ЗАЕДНО ГО ПРОСЛЕДИЈА ФИМОТ „МЕДЕНА ЗЕМЈА“

август 24, 2020

Со проекција на Медена земја под строги здравствени протоколи заврши втората недела од СОФ 2020.

Дел од публиката беше и Атиџе Муратова – жената која го шармираше Холивуд со успешниот документарец „Медена земја“. Таа ја посети Струмица по повод проекцијата на филмот и заедно со градоначалникот Коста Јаневски под отворено небо уживаа во фестивалската програма.

Како дел од петдневниот филмски маратон беа прикажани 4 краткометражни и 3 долгометражни филмови од домашни автори, како и детска програма.

Во третата недела од програмата на Струмица ОПЕН фестивал од 23-27 август следуваат настаните: „Струмица на улица саем“, Вечер на поезија со струмички поети, Летна школа за гитара, One Love Tour и Human на One Way Dance Studio.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ