ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА: Ги исполнувам моите ветувања, проектот „Струмица паметен вело град“ станува реалност!

август 8, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Јас си држам до зборот и моите ветувања ги исполнувам.

Проектот „Струмица – Паметен вело град “ станува реалност.

На денешниот состанок со тимот одговорен за спроведување на овој проект ја утврдивме динамиката на спроведување на инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во градот Струмица.

Градежните работи ќе ги започнеме во првата недела од септември, а ќе изградиме и обележиме велосипедски патеки на булеварите „Ленинова“, „Маршал Тито“ и „Климент Охридски“, градскиот парк и седум улици во градот.

Слоганот на проектот е „Се е блиску”, блиски се растојанијата за возење велосипед, но блиску е и времето кога нашата Струмица ќе биде современ Вело европски град.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ