Градоначалникот Коста Јаневски, вчера, посети дел од основните училишта во населените места. Со извршените инфраструктурни зафати и набавката на нови нагледни средства, воспитно – образовниот систем во основните училишта „Гоце Делчев“ од Вељуса, „Герас Цунев“ од Просениково, „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле, „Маршал Тито“ од Муртино и подрачното училиште во Банско, се одвива во соодветни услови. Градоначалникот Јаневски потврди дека Општина Струмица ќе продолжи со поддршката на училиштата за квалитетно образование на децата.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТА ЈАНЕВСКИ ПОСЕТИ ДЕЛ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА!
