strumica denes logo

Градоначалникот Јаневски на тркалезна маса со младите од Крушево и Струмица

Автор:

Датум:

април 25, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 25, 2018

Категории:

Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски денеска учествуваше на на втората тркалезна маса која што се одржа во домот на АРМ во рамките на грантот „Youth Friendly City“ кој го имплементираат Младинскиот сојуз од Крушево и Младинскиот совет од Струмица, со финансиска поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот е да се да промовира активно учество на младите луѓе во локалните заедници за создавање на општини – Пријатели на младите.

Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Јаневски рече дека општина Струмица во изминатата деценија доживеа вистинска експанзија во својот развој, со што стана една од најпрогресивните општини во државата, а значаен дел од заслугите за тој прогрес одат и на адреса на младите струмичани кои се вклучени во функционирањето и дејствувањето на Младински совет.

-Извонредната соработка што ја имаат општина Струмица и Младинскиот совет, овозможи младите преку бројни идеи и конкретни проектни активности, да партиципираат во креирањето на севкупниот амбиент во општината. Сето тоа што досега беше реализирано како плод на таа соработка, треба да биде добар урнек и за другите општини во државава. Ние што ја водиме Општината заедно со Младински совет – Струмица, имавме зеднички стремеж да создадеме општина по мерка на младите, и заедничко ни е задоволството дека успеавме во тоа. Но тука нема да застанеме. Напротив, се водиме од тоа дека соработката што дава добри резултати треба да се негува и продлабочува на взаемно задоволство. Убеден сум дека и учеството во овој проект, преку неговите постулати и цели, но и со размената на идеи и искуства на младите крушевчани и струмичани, ќе биде во функција на таквите наши намери. Ако мотото на овој Ваш проект е „Мојот град – пријател на младите“ тогаш верувам и во реципрочноста на истиот, која би гласела „Младите – пријатели на мојот град“, рече Јаневски.