ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ПРИМЕР: Со интонирање на химната на Македонија секој понеделник ќе почнува наставата во Аеродром!

октомври 3, 2023

Со интонирање на државната химна, секој понеделник ќе започнува наставата во сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром. Ваква информација со видео од денешното интонирање на химната, на својата фејсбук страна објави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, напиша Муцунски во својата фејсбук објава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ