Градоначалникот Јаневски на трибина за инвестиции во инфраструктура поврзана со туризам

март 16, 2018

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска, учествуваше на трибината на која се промовираше јавниот повик за доделување грантови од Проектот за локална и регионална конкурентност која што се одржа во свечената сала во Владата на Република Македонија.
Се работи за втор јавен повик за инвестиции на под – грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите. На трибината зборуваа д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини и директорот на канцеларијата на Светска Банка, Марко Мантованели.
Развиена инфраструктура за искористување на туристичките потенцијали во општина Струмица, е една од целите на градоначалникот Јаневски која што ја потврди и денеска на промоцијата на Проектот за локална и регионална поврзаност.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: