ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА: Ден пред раѓањето народот ќе го чува гробот на Делчев од провокаторите кои сакаат да го понижат македонскиот народ!

јануари 29, 2023

Фејсбук статус на СОНЧЕВА РЕВОЛУЦИЈА:

Сончева Револуција дава поддршка и се приклучува во повикот за мирна герила акција на 03.02 (петок) со почеток во 16ч, во црквата Св. Спас.

Повикот е да се собере што поголем број на Македонци во црквата Св. Спас денот пред чествувањето на раѓањето на нашиот голем македонски револуционер Гоце Делчев со цел да спречиме бугарски провокатори и политичари со бугарски знамиња кои сакаат да го понижат македонскиот народ и да го извулгаризираат споменот на Гоце Делчев.

Ќе си заминеме кога ќе знаеме дека од Македонија е заминат и последниот автобус со бугарски провокатори.

Во повикот стои да секој кој може да понесе шатори и вреќи за преспивање, а ние ќе додадеме да се облечете топло и со себе да ја понесете љубовта кон Македонија затоа што само тоа чувство ќе не води кон победа.

Се гледаме на трети февруари!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

СЛИЧНИ ВЕСТИ