Нов раст на цените на горивата – бензинот и дизелот поскапи за 1,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,2% во однос на последната корекција од 7 јули 2025 година.
Како причина за новото поскапување, РКЕ ги наведува повисоките референтни цени на нафтените деривати на светските пазари. Во однос на претходната пресметка, цените пораснале во просек: бензините за 3,47%, дизелот за 3,87%, екстра лесното масло за 3,10%, а мазутот за 3,48%. Дополнително, во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,26%.
Новите максимални цени што ќе важат од 15 јули 2025 година од 00:01 часот се следни:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75,50 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,50 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,50 денари/литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 71,00 денари/литар
Мазут М-1 НС – 40,472 денари/килограм
Цените на сите видови бензин и дизел се зголемуваат за 1,50 денари по литар, додека мазутот поскапува за 1,063 денари по килограм.