strumica denes logo

ЃОРГИ ТАНУШЕВ: Демократијата под опсада – Марјан Даскаловски спречи гласање за амандмани од страв, оваа срамота нема да помине во тишина!

Автор:

Датум:

август 8, 2025

Автор:

Датум:

август 8, 2025

Ѓорги Танушев, советник во Советот на општина Струмица од „Стига Е“ :

ДЕМОКРАТИЈАТА ПОД ОПСАДА: СОВЕТОТ НА СТРУМИЦА ПРЕТВОРЕН ВО ЗАТВОРЕН КЛУБ ЗА ЗАШТИТА НА ИНТЕРЕСИ!

🚨 Претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, спречи гласање за амандмани од СТРАВ – не од процедура.
Почитувани граѓани,

денешната седница на Советот на Општина Струмица беше уште еден алармантен показател за тоа во кој правец оди локалната власт. Она што требаше да биде демократска расправа за ребалансот на буџетот – инструментот со кој ги планираме сите јавни трошоци и проекти – беше претворено во контролиран театар во служба на некакви нејасни партиски интереси.

👉 Мене и на сите советници поединечно, ни беше оневозможено да образлагаме за соодветно поднесени амандмани, но и да оформиме евентуално нови амадмани на самата седница во интерес на граѓаните што веќе ќе имаат проблеми, што е законско и деловничко право.

👉 Не се искажаа мислења од Комисијата за финансирање и буџет, ниту од Комисијата за статут и прописи, што е обврска пред секоја ваква расправа кога се поднесени амандмани.

👉 На крај, не беше дозволено ниту гласање – не поради формални пречки, туку од СТРАВ. Страв дека амандманите ќе добијат поддршка. Страв дека вистината ќе излезе на виделина. Зошто не се дозволи советниците да гласаат па да се видеше кој како ќе гласа?

🔎 А зошто беа важни тие амандмани?

✅ Барав средства за исплата на договорените плати на струмичките пожарникари,
✅ Финансиска поддршка за јавната администрација,
✅ Барав можност за поднесувања на амадмани на самата седница со цел финансиска поддршка за вработувања во градинките,
✅ Прашања за одговорност кон фирми кои добиле јавни набавки, но каснат со исполнување на обврските.

❗ Наместо одговор – добив молк и манипулација.

И тоа од човек кој се прикажува како „народен“, а денес ја задуши дебатата, ја скрати демократијата, и ја претвори седницата во еднонасочна улица.
Последица од ова ќе произлезе целосен хаос и колапс на општина Струмица и не можност за делување додека не завршат локалните избори. Сите граѓани ќе бидат сведоци на ова и тогаш кој ќе ни биде виновен??! Иако не го оправдувам неприсуството на актуелниот градоначалник Костадин Костадинов тој секако не е должен да присуствува, но тоа нас како советници не не ослободува од одговорноста! Зошто сме советници ако бегаме од одговорност и гласање??!

Исто така излезе дека на советниците од мнозинството многу им се брзаше некаде, па мораше со упаѓања во збор, навреди, сугестии да се игнорираат приговорите за кршењето на деловникот со цел за да помине набрзинка онака галамџиски, без никаков ефективен напор да се решаваат проблемите. Кој не верува нека ја погледне целата седница и сам нека си донесе заклучок. Какво безобразие!

📌 Да бидеме јасни:

Претседателот на Советот, Марјан Даскаловски – кој воедно е и актуелен кандидат за градоначалник – денес донесе чудни незаконски одлуки што отвораат сериозни прашања. Ако денес, како претседател на Совет на општина, се избегнува демократски процес, дебата и транспарентност и гласање, тогаш со право се поставува прашањето: што ќе следи ако утре ја има целата извршна власт во свои раце? Граѓаните очекуваат стабилно, отворено и отчетно раководење – не практика на избегнување на одговорност за гласање кога е најпотребна. Дури и да беше негативна или погрешна одлука сепак ќе беше одлука во законска процедура а не како сега амадманите завршија во непозната црна дупка.

📣 Јавно кажувам – нема да го оставам ова да помине незабележано.
Ќе поднесам претставки до соодветни надлежни институции.
Ќе поднесам барање со конкретни наводи за целосна ревизија на работењето на општина Струмица.

🎯 И еднаш за секогаш:

Буџетот го донесува Советот на предлог на градоначалникот.

Од нас, советниците, зависи дали ќе има буџет, каков буџет или дури неносење на буџет што повлекува распуштање на Советот.
Сето тоа е наша надлежност – тоа е наша чест и одговорност пред граѓаните.
Градоначалникот може и да не присуствува – но тоа не нè ослободува од одговорност.
Затоа денес прашувам:
Зошто воопшто постоиме како Совет, ако наместо нас одлучуваат стравот и манипулацијата?
🗳 Народот гледа. Народот слуша.

И ова што денес се случи – ќе има последици.
Има рефлексија – не само на сегашноста, туку и на тоа како ќе изгледа идниот Совет после локалните избори.
А тој Совет – ќе биде поинаков.

Потранспарентен, поборбен и вистински независен во одлуките!

🛑 Затоа што ова што се случи денес – едноставно е срамота.
И оваа срамота – нема да помине во тишина!