strumica denes logo

ГОРГИ ХРИСТОВ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ООУ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ – СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

ноември 28, 2025

Автор:

Датум:

ноември 28, 2025

Професорот по англиски јазик, м-р Горги Христов, е именуван за нов директор на ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица. Со ова тој ја презема раководната функција во едно од најзначајните основни училишта во општината.

Горги Христов е роден на 11.08.1982 година во Струмица. Основното образование го завршил во ООУ „Маршал Тито“, а средното во СОУ „Никола Карев“. Во 2007 година дипломирал англиска филологија, по што својата професионална кариера ја гради во образованието и банкарскиот сектор.

Во периодот од март 2008 до септември 2009 година работел во „ПроКредит банка“, а од 2009 година до денес е вработен во ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица како професор по англиски јазик. Со долгогодишно искуство во наставата и континуиран ангажман во училиштето, Христов важи за посветен просветен работник и активен учесник во образовниот процес.

Како нов директор, неговиот фокус ќе биде насочен кон унапредување на квалитетот на наставата, подобрување на условите за работа и учење, како и јакнење на соработката меѓу училиштето, родителите и локалната заедница.

Горги Христов е сопруг и татко на две ќерки.

  • Banner