Денес, со помош на вештачката интелигенција веќе можете да креирате слики и текст користејќи алатки кои се јавно достапни. Исто така, можете да компонирате музика со алатката „Муберт“, но „Гугл“ оди чекор понатаму во сегментот на музичката вештачка интелигенција.
Неговото неодамна објавено дело се вика „Мјузик-ел-ем“: сè што му треба е опис на она што сакате да го добиете и ќе генерира неколку секунди или минути висококвалитетна музика базирана на тоа.
Освен тоа, системот може да земе и датотека со слика како почетна точка и да ја „опише“ со својата музичка композиција. Уште поинтересно е тоа што може да пее или да „мрмори“, да свири или на друг начин да ја пренесе главната мелодија, а потоа да создаде целосен музички аранжман, додавајќи инструменти и вокали, односно музички комбинации и варијации.
Google announces MusicLM: a model to generate music from text. Here are some crazy things it can do:
1. Given audio of a melody, it can generate new music inspired by that melody customized by prompts! Here's someone humming bella ciao turned into a cappella chorus, EDM, etc. pic.twitter.com/HKDnXI1C8U
— bleedingedge.ai (@bleedingedgeai) January 27, 2023
Експертите од „Гугл“ велат дека нивните експерименти покажале дека овој систем ги надминува сите претходни, како во квалитетот на музичките резултати така и во однос на текстуалните задачи поставени пред него. Засега е јавно достапно само множеството на податоци за кое е обучен системот, кој се состои од 5,5 илјади пара музика и текст.
„Мјузик-ел-ем“ засега не е јавно достапен за тестирање. Од „Гугл“ велат дека немаат намера да го објават во јавноста бидејќи уште работат на него.