Технолошкиот гигант Google користи напредни системи за автоматско снимање на гласовни команди на корисниците, кои потоа ги користи за унапредување на услугите како што се пребарувачот, виртуелниот асистент и мапите. Иако оваа пракса е насочена кон подобрување на технологијата за препознавање говор, многумина не се ни свесни дека нивните гласовни снимки автоматски се складираат во нивните Google-профили.
Овие податоци, според компанијата, се користат за подобрување на точноста при интеракција со уредите, но тоа отвора сериозни прашања за дигиталната приватност.
Техничкиот експерт и претприемач Џефри Кастиљо неодамна сподели едноставен начин како корисниците можат да го исклучат ова автоматско снимање и да го заштитат својот личен простор.
Како да го исклучите снимањето на гласовни активности:
Отворете ја апликацијата Google.
Кликнете на „Manage your Google Account“ (Управувај со твојот Google профил).
Изберете ја секцијата „Податоци и приватност“.
Влезете во „Поставки на историја“.
Кликнете на „Активност на мрежа и апликации“.
Исклучете ја опцијата „Вклучи гласовни и аудио-активности“ со отстранување на сината штикла.
Од Google потврдуваат дека, со деактивирање на оваа функција, гласовните интеракции повеќе нема да се снимаат и складираат – дури и кога корисникот е најавен на својот профил.
Оваа информација предизвика бурни реакции меѓу корисниците, особено кај оние кои се загрижени за заштитата на приватноста и се сомневаат во транспарентноста на технолошките компании кога станува збор за собирање лични податоци.