ГОЛЕМО ЦРВЕНО ЈАЈЦЕ СО ЛИКОТ НА ИСУС ХРИСТОС ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ ОД ДЕЧИЊАТА ОД 4-А ОД ООУ „ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“

април 10, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Не знам колку е убав мојот градоначалнички кабинет, но знам дека е преубав кога во него доаѓаат гости – ученици.

Денес бев домаќин на прекрасни момчиња и девојчиња, ученици од 4-a одделение од ООУ „Видое Подгорец“ , предводени од нивната наставничка Гордана Тилева.

Имајќи во предвид дека нивната посета е всушност реализација на дел од воспитно-образовниот план и програма за четвртите одделенија во кој учениците се информираат за работата на локалната самоуправа, ги запознав драгите гости со главните белези на функционирањето на Општината и градоначалникот.

Вистинско изненадување беше прекрасниот предвелигденски дар кој го добив – големо црвено јајце со ликот на Исус Христос, изработено и насликано од вредните и креативни раце на учениците.

Големо „благодарам“ и големо „браво“ за нив.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ