Струмичкиот кик бокс клуб „К1 Арена“ постигна одлични резултати на 30. Светски куп во кик бокс, кој се одржа во Унгарија, освојувајќи три медали – две бронзени и една златна.
На престижниот меѓународен турнир учествуваа тројца натпреварувачи од клубот, од кои двајца се натпреваруваа во јуниорска, а еден во сениорска конкуренција.
Христијан Колев освои бронзен медал во дисциплина кик лајт до 32 килограми
Матеј Димитриев се закити со бронза во кик лајт до 52 килограми
Петре Велков го освои златниот медал во дисциплина лоу кик до 67 килограми
Со овие резултати, „К1 Арена“ уште еднаш потврди дека е еден од најуспешните спортски колективи во Струмица, кој континуирано изнедрува таленти и го претставува градот и државата на врвно меѓународно ниво.