strumica denes logo

ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ НА БЕНЛИ ТАШ – „КАМЕНОТ НА ПЛОДНОСТА“ ПОВТОРНО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕ!

Автор:

Датум:

март 23, 2026

Автор:

Датум:

март 23, 2026

Голем број посетители денеска се упатија кон локалитетот Бенли Таш, познат како „каменот на плодноста“, сместен на сртот меѓу селата Дрвош и Иловица во општина Босилово. Овој необичен природен феномен со години привлекува внимание поради народните верувања поврзани со него.

Според преданијата, секој што ќе успее да се провлече низ отворот на масивните камени формации може да се надева на потомство, што го прави местото особено посетено од луѓе кои веруваат во неговата симболика.

Посетата се совпадна со одбележувањето на празникот Светите 40 Маченици од Севастија, поради што локалитетот доби и дополнителна духовна и традиционална димензија. Во текот на денот беше организирана културно-уметничка програма, а присутните имаа можност да уживаат и во богата трпеза со традиционални јадења карактеристични за струмичкиот регион.

Настанот помина во пријатна атмосфера, исполнета со дружење, обичаи и почитување на долгогодишната традиција.