strumica denes logo

ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА МУРТИНО!

Автор:

Датум:

мај 3, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 3, 2019

Категории:

Струмица

Големата акција „Еко фронт – Чиста да ни е“, која е во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ се реализира веќе неколку месеци, денес се реализираа активности во населеното место Муртино и неговата околина, каде се спроведе рачно и машинско метење и миење, како и расчистување на каналите. Во акцијата беа ангажирани приближно 40 работници, а од расположливата механизација беа вклучени: специјално комунално возило– патарка, специјално комунално возило – метларка, автоцистерна и дополнителна механизација.