ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ И ВО БАНИЦА!

мај 4, 2019

Продолжува пролетната акција во склоп на проект – кампањата „Еко Фронт – Чиста да ни е“ во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ за генерално чистење на населените места. Во кампањата беа опфатени дивите депонии на локалниот пат кон населените места Баница и Водоча, a денес 03.05.2019 петок, на терен излегоа екипи од работната единица „Комунална хигиена“ и се изврши генерално чистење во населено место Баница. Акцијата се одвиваше рачно и механички со специјална механизација за ваков вид чистење.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ