„Газелите“ од Струмица се вратија со три први награди и една втора од Романија!

ноември 23, 2018

Претставници од студиото за модерен балет „Газели“ од Струмица, заедно со нивниот ментор Изабела Ангелова, беа во посета кај градоначалникот на општина Струмица-Коста Јаневски, со цел да му се заблагодарат за несебичната поддршка и помош за нивното учество на European Grand Prix 2018 кој се одржа на 3 и 4 ноември во Националниот театар во Темисвар-Романија. Тие ја преставија и афирмираа општина Струмица во најдобро светло и од таму се вратија со три први и една втора награда.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ