Фотографијата на браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви, како во солзи ја прославуваат победата над Унгарија и премиерниот пласман на одбојкарската репрезентација на Европското пррвенство 2019 е избрана за фотографија на месецот од Европската одбојкарска конфедерација.
„Најверојатно една од емотивно најсилните фотографии од квалификациите за ЕП 2019. Одбојкарите на Македонија веднаш по победата над Унгарија и премиерниот пласман на нивната земја на едно Европско првенство”, стои во коментарот под сликата.