(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВОЛШЕБНАТА БАЈКА НА „БОНИТА“ ПРОДОЛЖУВА: СИНОЌА ПРОСЛАВИЈА 25 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ!

јуни 11, 2019

Волшебната бајка на „Бонита“ продолжува и понатаму! Синоќа „Бонита“ прослави 25 години од своето постоење, 25 години откако струмичани уживаат во највкусните пици, пастармајлии и гурмански специјалитети . Одбележувањето беше проследено од повеќе гости кои на сопствениците и на вработените им посакаа уште повеќе успех во иднина. Со добра храна, жива музика, убави и насмеани луѓе, 25те години од постоењето на „Бонита“ помина во многу забавна атмосфера! Тимот на Струмица Денес им посакува уште долги години успешно постоење.

Инаку, „Бонита“ започна со работа од 10.06.1994 година и е меѓу најстарите пицерии во градот. „Бонита“ е првата пицерија која почнува во фурна да пече пици и пастармајлии.Секоја година од тогаш па до денес тие инвестираат и се прошируваат, а од 2004 година ресторанот се прошири и со летна тераса. Во продолжение погледнете ја целосната фотогалерија од одбележувањето подготвена од фотографот Столе Ангелов:

Целосната фотогалерија може да ја погледнете со кликнување на следниот ЛИНК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ