strumica denes logo

(ФОТОГАЛЕРИЈА) МИНИСТЕРОТ НАЌЕ ЧУЛЕВ ДЕНЕСКА ЈА ПОСЕТИ НАШАТА СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

мај 22, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 22, 2020

Категории:

Струмица

Наќе Чулев:
Денес остварив работна посета на ПС од ОН Гевгелија и Секторот за внатрешни работи Струмица. На двете работни средни раководството ме информираше дека безбедносната состојба на територијата која ја покриваат е стабилна.

Oфицијалната статистика на СВР Струмица покажува добри резултати во откривањето на имотните деликти. Послаби резултати се забележани во економскиот криминал и поради тоа побарав засилување на активностите кои ги преземаат полициските службеници во справување со оваа проблематика.

Разговаравме за интензивирање на активностите на СВР Струмица во насока на спроведување на мерките и одлуките на Владата поврзани со спречување на ширењето на Ковид-19. Превенцијата е важен сегмент од полициското делување и во таа насока денес заедно со Секторот за превенција превентивно поделивме заштитни маски за граѓаните на Струмица.

Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките и одлуките на Владата кои се насочени кон спречување на понатамошно ширење на вирусот.