Деновиве познатата струмичка автошкола „ДАЕЛ“, прослави 25 години од своето постоење. „ДАЕЛ“ е основана во 1996 година од страа на Професор Киро Стојчев и досега има обучено над 2.500 кандидати. Автошколата располага со четири возачи – инструктори и современи моторни возила кои служат на обука на кандидатите. Покрај тоа, „ДАЕЛ“ располага и со возило за обука на кандидати со посебни потреби! Тимот на Струмица Денес им посакува уште долги години постоење и уште многу успеси. Во продолжение погледнете ги фотографиите: