Perdormire
Струмица

(ФОТО) ВЧЕРА БЕШЕ ИСФАРБАН БИЛБОРД ВО СТРУМИЦА, УТРОВО ИСПИШАНИ ПОРАКИ СО СПРЕЈ!

Вчера, засега непознат сторител е фотографиран како уништува содржина на билборд во Струмица. Со оглед на содржината на објавите се претпоставува дека овој чин има политичка позадина и е дел од вжештениот колорит на политичките настани во земјава. Со сличен карактер се и синоќешните испишувањa на графити низ градот, кои наидоа на поплаки и од граѓаните.

СДСМ со официјално соопштение за настаните го обвини ВМРО- ДПМНЕ.

Сепак, граѓаните во коментари на фејсбук, сметаат дека Струмица има потреба од коректна јавна комуникација и меѓусебно почитување од двете страни.