(ФОТО) СПОДЕЛУВАЈТЕ ДА ПОМОГНЕМЕ: НАШАТА СОГРАЃАНКА НАТАША ЈАНЕВА ЖИВЕЕ ВО МИЗЕРИЈА-ДА И ПОМОГНЕМЕ!

јануари 12, 2019

Нашата сограѓанка Наташа Јанева, со трагична судбина, оставена сама на себе, со здравствени проблеми и без елементарни услови за живот, едвај ги преживува зимските ладни денови…

Сега живее, или да речеме преживува во едно куќиче кое пробала да го направи дом. Живее сама без струја. Благодарение на некои соседи понекогаш има со што да се прехрани. Условите се навистина многу лоши, нема ниту внатрешни врати, нема болјер, целата покуќнина е стара и дотраена, нема ниту дрвја да се стопли од ладните денови. Живее во мизерни услови… Се прехранува со стар леб, оној кој се продава по 6-7 денари, а повеќето од времето седи гладна.

Сите оние кои можат и сакаат да и помогнат на Наташа Јанева може да не исконтактираат во порака. Споделувајте се со цел објавата да се рашири и да допре до повеќе граѓани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ